Веднаш по несреќата изјавил дека биле седум луѓе, едниот појак од другиот, и сите се тепале како луди. Неговата борба со Стив Остин била толку жестока што заработил микрофрактура во вратот. Сеуште не кажал никому, но бил на сериозна операција и сега имал метална плоча во вратот.


Филмот „The Expendables“ кој го режирал Сталоне и за кој го напишал сценариото, ги собрал најдобрите акциони ветерани. Освен споменатите двајца, во филмот играат уште и Арнолд Шварценегер, Брус Вилис, Долф Лундгрен, Мики Рурк, Џет Ли и за нив младиот Џејсон Статам. Улога во филмот има и неодамна починатата Британи Марфи.