На импознатниот список со актери во поодминати години кои ќе одиграат улоги својствени за момчиња, ќе се придружи и Силвестер Сталоне, кој повторно ќе го глуми ликот на виетнамскиот ветеран Џон Рамбо.

 

После вестите дека Харисон Форд (72) повторно ќе го оживее ликот на Рик Декарт, кој прв пат го одиграл пред 33 години во филмот „Блејд Ранер“, и дека Арнолд Шварценегер (67) се враќа во улогата на Терминатор во шестото продолжение на овој филм, стигнува веста и дека Силвестер Сталоне (68) повторно ќе ја заигра улогата на Џон Рамбо. Петтото продолжени носи наслов “Rambo: Last Blood” и засега е познато дека Сталоне ќе се најде во улогата на сценарист, режисер и актер во насловната улога.