Холивудскиот актер и режисер Силвестер Сталоне изјавил дека планира да лансира модна линија за мажи. Изјавил дека модата е нешто со што отсекогаш сакал да експериментира и додал дека кога мажите ќе научат правилно да се облекуваат, тогаш почнуваат да се грижат за себе.


Рекол дека неговата колекција е инспирирана од нрговите филмски јунаци Роки и Рамбо. Според него, Роки е љубовна приказна, додека Рамбо ја покажува спротивната саморна страна на мажите. според тоа модната линија ќе понуди облека и за бунтовници и за џентлмени.