Македонската репрезентација за фудбалери под 21 година не успеа да стигне до првата победа во квалификацискиот циклус за ЕП 2011 година. Четири минути ги делеа избраниците на Бабунски од триумф над фаворизираната Португалија, но на крајот мора да се задоволат со реми 1-1.
“Црвено – жолтите“ дојдоа во водство во 68 минута преку Муарем по одличната комбинација на Иваноски и Ибраими. Во 78 минута Македонија остана со играч помалку откако Алиу набрзина заработи два жолти картони.
Португалците притисна и створија серија гол шанси од кои успеаа да реализираат една и тоа на истекот на регуларниот дел преку Силва.
Последната прилика длабоко во судискотото надополнување ја имавме преку Урдинов кој не успеа да го совлада голманот од непосредна близина биејќи над голот.
Македонија по пет одиграни кола има две ремија и три порази.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com