Еден психијатар на судење на човек кој е обвинет за силување рекол дека човекот можеби пати од сексомнија, поради која силувал додека спиел.
Психијатарот Лестер Валтон го дал тој исказ на судењето на Леонард Ендрју Спенсер (48), кој е обвинет за силување на гостинка во својот дом во Нулунбу (Австралија) рано наутро во јуни пред две години. Спенсер на суд се бранел тврдејќи дека на ништо не се сеќава. Па иако тоа изгледа како доста лошо оправдување, психијатарот наговестил дека можеби е тоа вистина. Тој тврди дека губењето на помнењето е типичен знак за несоница со која одат бројни пропратни активности. Рекол и дека пред ова имал три случаи на секс во текот на спиењето. Читајќи ја Спенсеровата изјава во полицијата, Валтер проценил дека обвинетиот пати од несоница која е пратена со одење, зборување, возење, јадење и сексуална активност во текот на сонот. Леонардовата бивша сопруга вели дека често одел во сон, а еднаш влегол во собата на синот и се помочал во корпата за ѓубре. Исто така рекла дека бившиот сопруг еднаш ја допирал додека мислела дека спие. Во својата изјава психијатарот рекол дека мисли дека Спенсер е во депресија по разводот и поради тоа пие лекови кои можат да донесат до развратно однесување во текот на сонот. Обвинителот тврди дека обвинетиот не спиел туку дека бил потполно свесен за своите постапки. Како доказ истакнал и дека неколку дена претходно се обидел да ја допира истата девојка додека нејзиниот дечко не бил во близина.
Силувал жена додека спиел бидејќи пател од сексомнија
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com