Силното невреме кое претходните неколку дена го зафати Охрид предизвика оштетувања и на градскиот кеј.

Под притисок на разбрануваното езеро попуштил мал дел од поплочената површина на кејот, каде што недостасуваат 20-тина бехатон плочки.

Се очекува од надлежните институции во текот на наредниот период да го санираат ова оштетување.

OhridNews