Бура од Северно Море им се заканува на Холандија и Велика Британија со најголеми поплави во последните неколку децении. Евакуирани се илјадници луѓе, а по должината на холандскиот брег и на северниот дел од Велика Британија поставени се вреќи со песок.
Заради бурата се затворени норвешките нафтени платформи, а се очекува дека ќе бидат погодени и бреговите на Германија и Данска. Холандскиот министер за транспорт изјавил дека за прв пат од 1976 година е објавена тревога на целиот брег од Северното Море. Прекинат е морскиот транспорт во Ротердам, а властите ја затвориле големата брана Маеслант на влез во пристаништето, што е прв пат откако браната била изградена во 1990 година. Затворањето на браната траело половина час. Така пристаништето во Ротердам, најголемо во Европа, ќе остане затворено додека не помине бурата.
Во Британија се затворени браните на реката Темза бидејќи нивото на водата се подигнало метар и половина над дозволеното. Доаѓањето на најсилниот удар се очекува денес со удари на ветерот од околу 125 км/час. Населението од загрозените пдрачја ноќта ја поминало полнејќи вреќи со песок за формирање на заштитна брана. Властите на луѓето од најзагрозените подрачја им препорачале евакуација, по што неколку стотини ги напуштиле своите домови.
Во Германија на можни поплави се предупредени жителите на подрачјата околу реките Елба и Елма.
Невреме и се заканува на Европа
J.M.