Силниот ветер што синоќа дуваше во скопскиот регион со јачина од 70 километри на час, предизвика материјална штета на повеќе локации.
Откорнати дрва, уништени фасади, однесени покриви. Во делови од главниот град се работеше до раните утрински часови за расчистување на улиците.
Булеварот Партизански одреди до 3 часот по полноќ беше блокиран од покрив кој падна од станбена зграда. Дрво падна и врз градинка во Чаир.
OhridNews