Во 3.54 часот силен земјотрес го затресе регионот со јачина од 6.3 степени, чиј епицентар е регистриран во Јадранското море, на 10 километри северно од Драч во Албанија. Земјотресот кој ги разбуди и охриѓани, е почувствуван во целиот регион: Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Италија, Косово, Црна Гора, Србија.

Во 04.03 часот регистриран е уште еден силен земјотрес со јачина од 5.3 степени со епицентар на 30 километри северозападно од Тирана.

Во 04.16 часот следуваше уште еден земјотрес со јачина од 4 степени и епицентар на 7 километри оддалеченост од Драч-Албанија.

OhridNews