Силна сончева бура треба да ја погоди земјата помеѓу седум и единаесет часот утринава. Експертите предупредуваат на проблеми со електричните мрежи, со сателитската навигација и со авионскиот сообраќај.

Бурата, предизвикана од две масивни сончеви експлозии на почетокот на неделава, најмногу проблеми ќе предизвика во поларните региони. Поради тоа издадено е предупредување- авионите да ги сменат плановите за летање и да ги одбегнуваат тие региони.

Бурата ќе исфрли силна струја од наелектризирани честички на земјата, кои ќе ја погодат со брзина од 6.400.000 километри на час. Сликите од регионот на сонцето каде што се случиле експлозиите посочуваат на огромни количини на насобрана магнетна енергија. Во изминативе неколку децении се забележани повеќе вакви магнетни бури.

Северната светлина или аурората ќе може да се забележи и на пониските географски широчини. Според експертите, се очекува бурата да трае до петок наутро.

OhridNews
извор: Makfaks