Охриѓанецот Марко Пејчиноски е топ тема во Охрид и македонските медиуми, откако на свои 12 години за околу девет часа го преплива Охридското езеро. Тој излезе како победник во борбата со брановите, силниот северен ветар, немирното езеро и заморот. На градското пристаниште беше пречекан како вистински херој.

Во текот на целиот спортски подвиг семејството, лекарската екипа, тимот на Црвениот крст од Охрид и Ohrid News, а на пристаништето и публиката која спонтано се собра му беа ветар во грб. Видеата во живо емитувани на фејсбук страната на Ohrid News достигнуваат по 10 000 прегледи. Еден од многуте кои ги споделуваа видеата за поддршка на Марко беше Евгениј Поп Ацев кој во 2015 година успеа да победи на Охридскиот пливачки маратон и најдобро знае што значи овој успех.

Подвигот на Марко добива дополнителна тежина, бидејќи никој охриѓанец половина век наназад не го препливал Охридското езеро во еден здив.

OhridNews