Дописникот на РТС од Лесковац јавил дека експлозијата настанала кога метеорот го пробил звучниот ѕид, а информацијата ја потврдил и локалниот центар за известување.
Дописникот на Танјуг од Врање јави дека светлечка топка на небото, синоќа во 19.32 минути е забележана на неколку места во тој дел на Србија. Светлосното тело со голема брзина прелетало преку небото, а потоа се слушнала силна детонација. Во службата за известување во Врање
информираат дека метеорот продолжил кон Бујановац на тромеѓето помеѓу
Србија, Македонија и Косово, но не знаат дали тој паднал или се
распрснал во атмосферата.
Необичната појава била забвележана и во Ниш, каде граѓаните виделе огномет на небото.