Силна експлозија одекна синоќа во близина на објект каде што биле сместени судии и обвинители на југоистокот на Турција, при што едно лице загина, а 15 се повредени, јавија турските медиуми, пренесува „Макфакс“.
Според првичните информации, експлодирал автомобил бомба, а во експлозијата загинало дете.
Приватната агенција Доган пренесува дека експлозијата се случила во градот Вираншехиф, во покраината Шанлијурфа, во близина на границата со Сирија.
OhridNews
извор: „Макфакс“