Силен земјотрес го погоди центарот на Мјанмар денеска, а неколку згради се урнаа во Мандалај, вториот по големина град во земјата, изјавија очевидци, пренесуваат светските агенции.

Геолошкиот институт на САД (USGS) соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,7 степени и на длабочина од 10 километри. По него следеше силен последователен потрес.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 17,2 километри од градот Мандалеј, кој има околу 1,5 милиони жители.

Од властите во Мјанмар нема информации за обемот штета и евентуални жртви.

Кинеската новинска агенција Ксинхуа соопшти дека силни потреси биле почувствувани во југозападната провинција Јунан, која граничи со Мјанмар, но нема извештаи за жртви.

Жители на Бангкок за медиумите сведочат дека луѓето во паника истрчале на улиците, многумина од нив гости во хотели и туристички комплекси.

Г.М.