Силен земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтер го погоди западниот брег на Никарагва и Салвадор на длабочина од 10 километри во Пацификот.
Властите во Салвадор веднаш објавија опасност од цунами и го повикаа наслението кое живее на крајбрежјето во длабочиба од еден километар итно да се евакуира. Во Никарагва која еден час пред земјотресот беше погодена од ураганот Ото со ветрови посилни од 200 километри на час, прогласена е вонредна состојба. Среќа во несреќа е што голем дел од населението претходно било евакуирано.
Опасност од цунами е прогласена во сите подрачја на одалеченост до 300 километри од епицентарот на земјотресот. Засега се уште нема информации за штети.
OhridNews