Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени денес го погоди крајбрежјето на островот Вануату во јужниот дел на Тихиот океан и постои можност за појава на цунами, соопшти Пацифичкиот центар за тревога.
Потресот бил регистриран 151 километра северозападно од Санто, во островската држава Вануату на длабочина од 35 километри. Што е поплитко регистриран земјотресот, тоа постојат поголеми шанси за предизвикување на поголема штета. Засега нема информации за евентуална штета.
Потресите се чести во ова подрачје, но дури и посилните не предизвикуваат цунами.
OhridNews
извор Макфакс