Силен земјотрес со магнитуда од 7,7 степени според Рихтер го погодил Индискиот Океан, а за неколку земји е издадено предупредување од цунами. Епицентарот на земјотресот бил на 157 километри југозападно од градот Миса на индиските Никобарови острови.

Американскиот геолошки завод соопшти дека епицентарот бил на длабочина од 35 километри, а Пацифичкиот центар за предупредување од цунами веднаш издаден предупредување кое се однесува на Индија, Индонезија, Шри Ланка, Мианмар, Тајланд и Малезија.

„Земјотрес од оваа магнитуда може да предизвика разорни цунами бранови на брегови оддалечени и до илјада километри од епицентарот“, се наведува во предупредувањето од Центарот што го пренесе Reuters.

OhridNews