Силен земјотрес, денес, го потресе хрватскиот приморски град Сплит, кој бил почувствуван во цела средна Далмација. Граѓаните во паника истрчале на улиците, а се слушало кршење на стакло, додека во повеќе домови испукани се ѕидовите, јавуваат хрватските медиуми.
Силниот земјотрес се почувствувал во 13.58 часот на подрачјето на Сплит, а траел неколку секунди. Земјотресот бил со јачина од 4,8 степени според Рихтер.
Епицентарот бил во Јадранското Море, на длабочина од 10 километри. Учениците се пуштени од настава дома, а мобилните телефони постојано ѕвонат. Особено зафатени се стручните служби кои примаат дојави за штета.