Како што јавува јапонската телевизија, земјотресот се случил во 1.34 часот по локално време (6.34 часот по македонско време), недалеку од брегот на префектурата Мијаги, којашто беше најпогодената во катастрофалниот земјотрес со магнитуда од 9 степени по Рихтер од 11-ти март кој беше проследен со цунами чии бранови на мест абеа високи и над 40-ина метри.
Јапонската сеизмолошка агенција соопшти дека епицентарот на земјотресот бил 125 километри североисточно од градот Сендаи, административниот центар на префектурата Мијаги, а неговиот хипоцентар бил на длабочина од околу 35 километри.
Новиот земјотрес не предизвикал никакви нови оштетувања во нуклеарната централа „Фукушима Дајичи“ којашто на 11-ти март беше тешко оштетена, а компанијата која управува со на, „Тепко“ се’ уште се справува со последиците од хаваријата по која почна истекување на радијацијата.
извор: Makfaks