Земјотрес со јачина од 7.3 степени според Рихтер се случил во морето покрај брегот на Јапонија, по што е објавена опасност од цунами, а бранови високи околу три метри се движат кон префектурата Фукушима, јавува Ројтерс. Истиот извор пренесува дека според мерењата на американскиот геолошки институт земјотресот бил на 67 километри од Ивака, на длабочина од 10 километри, додека руската агенсија ТАСС јавува дека земјотресот ја погодил само префектурата Фукушима и има цунами
Компанијата „TEPCO” проверува дали има оштетувања на нуклеарната централа во Фукушима каде поради земјотресот престанало да работи ладењето на третиот реактор. Мерењата покажале дека температурата во реакторот расте, меѓутоа бавно и дека нема опасност од посериозни последици.
Во префектурата Фукушима вклучени се сирените за предупредување од цунами, а бродовите ги напуштаат пристаништата упатувајќи се на отворено море за да ги избегнат цунами брановите кои се најопасни кога ќе стигнат во поплитките делови и крајбрежјето.
Овој регион во 2011 година беше погоден од катастрофален земјотрес кој предизвика разорно цунами во кое загинаа 16000 луѓе, а 2500 се водат за исчезнати.
OhridNews