Според првичните информации што ги соопшти Европскиот центар за земјотреси, јачината на земјотресот изнесува 5,4 степени според Рихтерова скала,а епицентарот е во Албанија 45 километри северо-источно од Елбасан и 13 километри југо-западно од Дебар.
Уште еден послаб земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтер е регистриран во 00.01 часот во истото епицентрално подрачје.
Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени.