Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Аќе на индонезискиот остров Суматра. Засега нема опасност од цунами. Во разорниот земјотрес, кој ја погоди провинцијата Аќе на островот Суматра, Индонезија, загинале десеттици луѓе, а неколку стотици останале заробени во урнатините, соопштија индонезиските власти.
Службата за борба против природните катастрофи потврди дека неколку згради се урнале, вклучуваќи најмалку четири дуќани и четири куќи во местото Пиди Јаја. Електричните инсталации, како и локалната џамија претрпеле тешки оштетувања.
OhridNews
извор Макфакс