Најмалку 89 лица се повредени во земјотресот со сила од 6 степени според Рихтер, што денеска ја погоди американската сојузна држава Калифорнија, пренесуваат светските агенции. Во земјотресот чиј епицентар бил североисточно од Сан Франциско, причинета е поголема матереијална штета, која се уште се пресметува.

Земјотресот во Калифорнија, е втор регистриран во светот по ерупцијата на вулкан на Исланд пред два дена.

Денешниот е најсилен земјотрес во последните 25 години во Калифорнија која важи за сеизмички активно подрачје.

OhridNews