Педесетина луѓе се повредени, воглавно во реонот на Модена, јавуваат италијански медиуми.
Според сеизмолози, тоа е еден од најсилните земјотреси во регионот. Телевизиите прикажаа инсерти од оштетени згради, урнати покриви, напукнати камбанарии од цркви. Земјотресот бил почувствуван во Болоња, Модена, Ферара, Ровиго, Верона и Мантова.
Серија последични земјотреси беа исто така регистрирани во регионот,а градоначалниците побараа од населението да остане вон домовите. Последниот силен земјотрес во Италија беше регистриран во 2009 година во градот Акуила кога имаше најмалку 300 жртви.
извор: МИА