Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени по Рихтер денеска ја погоди североисточна Јапонија, а прогласена е опасност од цунами, се вели во соопштението на интернет страницата на американската Служба за геолошки истражувања (УСГС).


Епицентарот на земјотресот, регистриран во 23,32 часот по локално време (16,32 по македонско време), се наоѓа на 98 километри источно од градот Сендаи и 345 километри североисточно од главниот град Токио. Хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од 40 километри.

По земјотресот, прогласено е предупредување за опасност од цунами за североисточниот брег на Јапонија, кој настрада од катастрофалниот земјотрес од 9,0 по Рихтер од 11-ти март кој предизвика цунами чија височина достигнуваше и до десет метри.

OhridNews
извор: Makfaks