Земјотрес со јачина од 6,2 според Рихтеровата скала го погоди североисточниот дел на Јапонија, а засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Франс прес пренесе дека епицентар на потресот бил на длабочина од 38 километри , 59 километри североисточно од градот Иваки, но властите не предупредуваат на опасност од цунами.

Североисточниот дел на Јапонија беше разорен на 11.март во силен земјотрес, со нагнитуда од девет степени кој предизвика цунами во кое живот загубија и исчезнаа околу 24.525 лица.

Нуклеарната централа „Хамаока“ која е сместена во трусно подрачје на 200 километри југозападно од Токио, денеска ги затвори сите реактори на неодредено време за да спречи евентуален нуклеарен инцидент, соопшти компанијата „Чубу електрик пауер“, која управува со електраната.

Ohridnews
извор: Makfaks