Земјотрес со магнитуда од 7,3 степени според Рихтер го погоди североисточниот дел на Јапонија и предизвика цунами – бран висок еден метар кој го погоди крајбрежниот дел на префектурата Мијаги, пренесува „Макфакс“.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви, како ни за материјална штета. Епицентарот на потресот, пренесува Ројтерс, бил на длабочина од 40 километри источно од најголемиот јапонски остров Хоншу, а агенциите јавуваат дека се почувствувал и во Токио.
По првиот уследил уште еден послаб земјотрес со јачина од 6,2 степена.
Истата префектура Мијаги во март 2011 година беше погодена од земјотрес и цунами во кои смртно страдаа 20.000 луѓе, а беше оштетена и нуклеарната централа во Фукушима.
извор:„Макфакс“