Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтер, утрово, ја погоди областа кај островот Фиџи. Според првичните извештаи, јачината на земјотресот била 7.2 степени, но подоцна истата е намалена на 6,9. Епицентарот бил на 284 километри југозападно од главниот град на Фиџи, Сува.

После земјотресот издадено е предупредување за цунами, по што жителите започнале да се евакуираат. По неколку часа предупредувањето за цунами е повлечено.

Засега нема податоци за евентуални жртви или материјална штета.

OhridNews