Земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала предизвика огромна штета и вистинско чудо е што нема загинати и повредени.
„Штетите се исклучително застрашувачки. Единствено што можам да кажам е дека е вистинско чудо што никој не го загуби животот“, изјави премиерот на Нов Зеланд, Џон Ки. Тој додаде дека проценките на настанатата штета се движат околу1,4 милијарди долари.
Последен пат кога новозеландските власти вовеле вонредна состојба беше кон крајот на декември 2007 година, кога земјотрес со силина од 6,8 степени според Рихтер го погоди градот Гизборн на северното новозеландско острово. И овој земјотрес предизвика големи штети, но ниту една човечка жртва.
Овој земјотрес беше меѓу десетте најсилни регистрирани на Нов Зеланд, кој лежи помеѓу пацифичката и индо-австралиската тектонска плоча. Во земјата се регистрираат околу 14.000 земјотреси годишно, од кои 20 надминуваат пет степени. Последниот фатален земјотрес на Нов Зеланд се случи во 1968 година со ачина од 7,1 степен., во кој што загинаа тројца луѓе.