Земјотрес со јачина од 7.1 степен според Рихтер го погоди Нов Зеланд, јавува „Индепендент“. Се уште нема информации за повредени и материјалната штета.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 30 километри. Новозеландските власти евакуирале дел од населението во крајбрежните делови поради страв дека земјотресот може да предизвика цунами.
Земјотресот предизвикал проблеми во снабдувањето со електрична енергија во источните делови од земјата.
OhridNews