Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди италијанскиот брег од Јадранскот Море, јави ДПА. Земјотресот е регистриран во 7:07 часот, а епицентар е во морето во близина на градот Пезаро.

Засега нема информации за било каква штета на згради или жртви и повредени.

Локалните медиуми јавија дека некои згради во областа на истокот на земјата, вклучително и болница, се евакуирани како мерка на претпазливост.

Железничкиот сообраќај беше во прекин во близина на Анкона.

OhridNews