Два силни зејотреси утрово во 6.23 часот ги “разбудија” жителите на главниот град на Хрварска, Загреб. Првиот бил со јачина од 5.3 степени по Рихтер, а вториот од 5 степени, со епицентар на седум километри од Загреб.
Во земјотресот сериозно е повредено 15годишно девојче, а хрватските медиуми јавуваат дека во тек е акција за извлекување на повеќе лица од разурнат објект.
Оштетени се повеќе објекти и фасади, катедрала во центарот на градот, а во делови на Загреб нема струја и вода.
OhridNews