Силниот југ викендов го разбранува Охридското Езеро. Брановите го заплискуваа кејот, а вообичаено при вакво време делови од улицата „Коста Абраш“ кај Капетанијата беа под вода. Ветрот донесе и обилни врнежи од дожд.

Од силните бранови оштетена е една сигнална бова, која заврши во плитките води на градскиот кеј.

Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР, најавува дека врнежите од дожд ќе продолжат и во недела. Попладне врнежите локално ќе бидат пообилни (над 25л/м2) и поројни во форма на невреме. Ќе дува засилен јужен ветер (локално со брзина над 70 км/час), информира УХМР.

OhridNews