Трикратниот првак во Првата лига, Силекс ќе биде македонски претставник во квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони.
Кратовчани кои беа на втората позиција при прекинот на првенството профитираа од Вардар кој не доби лиценца за излез во Европа.
Силекс ако не успее да го мине првото квалификациско коло во ЛШ ќе се пресели во Лигата на Европа. Македонски претставници во најмасовното клупско натпреварување се Шкендија, Ренова и Шкупи.
Сезоната која доаѓа во квалификациите ќе се игра по еден натпревар а не по два (дома/гости) како што беше до сега. Домаќинот ќе биде избран по пат на ждрепка.
OhridNews