Фудбалскиот клуб Силекс од Кратово е освојувач на титулата во Купот на Македонија. Кратовчани во финалниот натпревар кој се одигра на Националната арена „Тодор Проевски“ го совладаа тимот на Академија Пандев на пенали со 4-3, откако регуларниот дел и продолженијата завршија 0-0.
Финалниот натпревар не понуди допадлив фудбал. Двете екипи повеќе мислеа на сопствениот гол, отколку на противничкиот. Во регуларниот дел и во продолженијата ниту една од екипите не се закани сериозно за погодок, кој наверојатно ќе го одлучеше победникот.
Голема драма и неизвесност имаше во пенал рулетот. Силекс и Академија Пандев стрелаа прецизно во првите три серии. Кратовчани промашија во четвртата, но и струмичани не реализираа. Во петтата серија Силекс ја погоди целта, а Академија Пандев промаши и титулата од Купот замина во рацете на кратовчани.
За Силекс ова е трета титулата од најмасовното клупско натпреварување, додека Академија Пандев останува на една титула освоена 2019 година.
OhridNews