Фудбалскиот клуб Силекс традиционално во Охрид доаѓа да се подготват за престојната фудбалска сезона.

Тренерот Марјан Секуловски со прецизен план доаѓа во туристичкиот бисер, каде ќе престојуваат од 13 до 23 Јули.
 
Прв противник во Охрид на 14 јули ќе биде прволигашот Напредок од Кичево. Два дена подоцна ќе играат против Вардар, а на 18 јули Силекс ќе се сретне со Охрид.

На 20 јули пак закажана е средбата со Победа а за 22 Силекс ќе ги одмери силите со албанскиот клуб Тирана.

М.П