Силекс го победи Охрид`04 со 2-0 на првата контрола на подготовките во Охрид. Гостите погодија на два пати по еднаш во двете полувремиња.

Нацев ја затресе мрежата на Капрически во 32 минута од мечот, додека Зарески во 53 минута го матираше Карамачоски.

Наредната контрола за “рибарите“ е в понеделник против Ренова, додека Силекс утре ќе спарингува со Напредок.

М.П.