Кратовски Силекс со минимален пораз (0-1) од албанскиот првак Теута ги започна контролните мечеви во подготвителниот период за претстојната сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад.

На избраниците на Горазд Михајлов им пресуди еден погодок во тест средбата со клубот од Албанија. Гостите погодија во 20-та минута после добро изведена контра. Силекс и покрај неколкуте шанси не успеа да постигне погодок и да избегне пораз.

Неофицијално деби во дресот на Силекс имаа довчерашните фудбалери на Охрид, Роберт Митев и Бурхан Алији.

На стадионот „ФК Караорман“ во Струга екипата на Струга Трим Лум ремизираше со Партизани од Тирана. Мрежите мируваа во првите 45 минути, а голови паѓаа во второто полувреме. Гостите поведоа со 1-0 во 64-та минута, а „црвено белите“ израмнија три минути подоцна.

Контролните мечеви ќе продолжат утре со средбата Шкендија – Лачи, која ќе се одигра во Струга.

OhridNews