Прволигашот од Кратово, Силекс техничко- тактички екипата ќе ја воигрува покрај Охридското езеро. Стручниот штаб на чело со тренерот Ане Андовски  во периодот од 10 до 20 јули договори три пријателски средби.


На стартот од подготвките во Охрид на 11 јули противник на Силекс ќе му биде Напредок, а два дена подоцна, на 13 јули следува контролен меч со Охрид. Финишот на подготовките во Охрид ќе биде заокружен со нов контролен меч со кичевци кој е закажан за 17 јули.

М.П.