Првакот од Азербејџан, Карабах е ривалот на Силекс во втората рунда од квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони.
Годинава во елиминациската фаза во квалификациите нема да се играат два натпревари во систем дома/гости, туку само еден. Ждрепката ќе одлучи кој ќе биде домаќин. Силекс немаше среќа и мечот со Карабах ќе го игра на гостински терен.
Црвена Ѕвезда имаше супер ждрепка и за противник го доби тимот на Европа од Гибралтар, а Селтик ќе се судри со Рејкјавик од Исланд.
Натпреварите од втората квалификациска рунда се играат на 18/19 август.
Кратовчани во ЛШ се најдоа поради забраната за настап на Европа за Вардар кој беше првопласиран при прекинот на сезоната во Првата лига.
OhridNews