Екипата на Силекс од Кратово допатува во Охрид каде ќе остане до 20 февруари и ќе одигра серија пријателски натпрвари.


Првата конторла е закажана за 3 февруари против Металург, потоа со Напредок два дена подоцна и со Дрита на 14 февруари.

Покрај овие три средби, македонскиот прволигаш ќе договори уште некоја средба со екипите кои ќе се подготуваат во Охрид.

М.П.