Британскиот пејач Сил од манекенката Хајди Клум во бракоразводната постапка бара половина од нејзиното богатство, што изнесува околу 25 милиони евра. Доколку судот го задоволи барањето на Сил, би можело да му припадне и половина од заработката која Хајди ќе ја оствари до крајот на кариерата, бидејќи тоа му го овозможува американскиот закон.
Иако потпишале предбрачен договор, чии детали не се познати, британскиот пејач изнесува свои барања.
-Нема образ. Сега покажа колку е дволичен. Алчен е и сака да земе премногу – велат пријателите на познатата манекенка.
Богатсвото на Хајди се проценува на повеќе од 50 милиони евра. Британскиот пејач, кој врвот на славата го достигна во 90-те, и Хајди, беа во брак седум години.
Сил за време на својата кариера заработил 12 милиони евра. Според пишувањето на светските медиуми, Сил манекенката ја изневерувал со дадилката. Хајди побарала старателство над нивните четири деца.