За прв пат по започнувањето на гласините за распадот на бракот на Хајди Клум и Сил, пејачот се појавил во јавност без бурма. Иако минатиот месец гостувајќи во една телевизиска емисија објаснил дека не сака да го вади прстенот, сега сепак тоа го сторил, што ги навело медиумите да се посомневаат дека нешто во меѓувреме се променило. Сил во емисијата рекол дека бурмата е симбол на неговата љубов кон Хајди. Додал дека заедно минале осум прекрасни години и дека тоа што се разделувале не значело дека треба да го извади прстенот и да ги прекине контактите со неа.

Ѕвездата слетала во Австралија не само без својата поубава половина, туку и без парчето накит кое ја симболизирало нивната љубов. Освен тоа што немал прстен, вниманието на медиумите било привлечено и од жолтиот лак кој го имал на себе. Од друга страна, Хајди била видена во еден ресторан и сеуште ја носела бурмата, така да изгледа пејачот е тој кој што решил да стави точка на нивниот однос.