Веста за разводот на Хајди Клум и Сил изненадила многумина, бидејќи наизглед имале совршен брак. Меѓутоа, дека тоа не е сосема точно потврдуваат светските медиуми кои објавиле дека причина за нивниот развод била неверството на Сил. Хајди не можела да се помири со тоа. Парот постојано се карал, а сега славната манекенка по се изгледа дефинитивно одлучила дека за нив нема иднина.
Инаку, Хајди Клум често истакнувала дека таа и Сил имаат цврст брак, бидејќи еден на друг биле спротивни, а познато е дека спротивностите се привлекуваат и надополнуваат. Ниту Сил ниту Хајди Клум засега не се огласиле за написите за разводот, како и за наводното неверство.