Група истражувачи од Кина успешно направиле сијалица која може да емитува свој безжичен сигнал. Експертите кои имале пристап до овој изум навеле дека ЛЕД сијалицата дури има подобар безжичен сигнал отколку обичните рутери.
Вкупно четири апарати можат да се конектираат на оваа сијалица која емитува сигнал со брзина од 150 мегабајти во секунда. Следниот месец ќе пуштат десет сијалици во продажба, како би ја виделе нивната употреба во секојдневниот живот.