Менувањето сијалици наскоро ќе стане историја, бидејќи „Самсунг“ ја претставил новата економична сијалица која може да трае дури 36 години. Експертите на оваа компанија промовирале ЛЕД сијалици кои траат и до 40 илјади часови, што е 40 пати подолго од обичните сијалици.
Тие го искористиле напредокот на ЛЕД технологијата и го вклучиле во домаќинството, а единствена мана на овие сијалици засега би можела да биде цената, бидејќи една сијалица се продавала за нешто повеќе од 60 евра. Иако ова би можело да делува како голема новина на пазарот, една американска компанија планира да оди уште подалеку, и на пазарот да понуди таканаречена „плазма светлосна технологија“, каде светлината се прави од тенок слој плазма кој се поставува помеѓу две алуминиумски фолии.