Актерката Сигурни Вивер потврдила дека ќе игра во продолжението на популарниот блокбастер на Џејмс Камерон „Аватар“. Иако нејзиниот лик на доктор Грејс имрел во првиот дел од научнофантастичната сензација од 2010 година, актерката открила дека Камерон планира на некој начин да ја врати во филмот.


Таа изјавила дека ќе се врати, бидејќи како што рекол Камерон, никој не умирал во научната фантастика. Таа најавила дека снимањето на вториот дел на филмот ќе започне наредната година. популарната актерка наскоро ќе можеме да ја видиме и во новиот трилер „Киднапирање“ во кој ќе глуми заедно со Тејлор Лутнер.