Не помина многу време , а охриѓани стигнаа да резултатска предност. Во осмата минута Маркоски упати долга топка кон Клечкароски, киксираше потесната одбрана на гостите, топката среќно стигна до охридскиот напаѓач кој го искористи подарокот и ги доведе “сините“ во водство 1-0.
Веднаш гостите можеа да се вратат резултатски во натпреварот, но ударот на Јованоски по одличната комбинација со Мојсовски заврши во надворешниот дел на мрежата. Охриѓани комбинираат, а Волчески и Атај не успеваат да го совладаат Маркоски. Најдобрата прилика во финишот на првиот дел ја имаше Боцевски, кој изби сам пред Абди, но не успеа да го матира.
Наградата за залагањето во текот на натпреварот за гостите стигна во 64 минута кога Мојсовски избегна офасајд замка, и му асистираше на Неделковски за израмнување 1-1.
Голот ги разбуди домаќините кои преку Клечкароски и Христов се обидоа да стигната до нова предност. Повторно во водство охриѓани се вратија во 78 минута. Акцијата ја започна Маркоски, го проигра Димоски кој како на тацна го послужи Клечакароски кој уште еднаш ја потврди одличната голгетерската форма стрелајќи прецизно за ново водство (2-1), постигнувајќи го деветиот гол во исто толку натпревари.
Следуваа минути на отворен фудбал, а гостите беа тие кои ја имаа првата прилика во судиското надполнување, Шабани го лобоваше Абди но топката заврши покрај голот. На истекот на судиското надополнување, по нафрлената топка на Волчески, капитенот Маркоски стави точка на мечот.
Стрелци : Клечкароски 8`, 78`, Маркоски 90+3 (О), Неделковски (С).