Алкалоид го совлада Динамо Панчево со 27:22 (16:09) во воведниот натпревар од Меѓународниот меморијален турнир “Крсте Андоновски” што денеска почна во Охрид.

Алкалоид имаше водство во текот на целиот меч и во ниту еден момент не дозволи противникот да му ја загрози победата.

За играч на мечот беше прогласен голманот на Алкалоид Иван Галески кој натпреварот го заврши со 11 одбрани.

Статистика:
Алкалоид: Џонов 1, Костески 6, М. Младеновиќ 1, Серафимов 5, Карасманакис, Стојковиќ 2, Митев 4, Ѓорѓиев, Галески (11 одбрани), Велковски, Симоноски, Иваноски, Трајковски, Бинго 3, Петковски 2, Ставревски 2.

Динамо Панчево: Чировиќ, Колинѓиќ 1, Сокртис, Арсиќ, Богдановиќ 2, Перовиќ 4, Стаменковиќ 3, Бекиќ 2, Косановиќ (8 одбрани) Станисавлјевиќ 3, Ранчиќ, Стаматовиќ, Ѓуровиќ 1, Фејес 3, Тасиќ, Илиќ, Павловиќ 3.

Вечерва на програмата се уште два натпревари во кои се среќаваат Ловќен и Олимпијакос, односно Охрид и Вардар 1961.

Г.М.