Иако требаше да ја игра улогата девојка на Робин Худ во филмот “Nottingham”, на Сиена Милер (26) неодамна и е откажана соработката. Продуцентите на филмот сметаат дека таа е премногу слаба во однос на Расел Кроу (44), кој ја игра главната улога. Тие се грижат дека австралискиот актер би можел да изгледа премногу дебело и престаро за време на снимањето на интимните сцени со Сиена. Кроу ги добил вишокот килограми додека работел на филмот “Body Of Lies”.
-Расел сеуште ги нема загубено килограмите. Сцените со секс помеѓу него и Сиена би изгледале смешно бидејќи тој е стар и дебел, а таа млада и прекрасна. Се зборува дека продуцентите бараат постара и пополничка актерка со која Расел не би изгледал како старец-открива изворот и додава дека Сиена делумно ја загубила улогата и поради аферата со богаташот Балтазар Гети, што на проектот би донел негативен публицитет.